50-годишна Британка реши да си изгради луксузна пештера со сауна внатре, но во Австралија
Откако Џенифер Ејрес (50) го купила земјиштето за само 11.000 фунти, таа сега е на мисија да изгради уникатен пештерски дом.
Мајката на две деца го започна проектот минатата година, живеејќи три месеци во шатор, а потоа во комбе додека го копаше својот нов дом со помош на локален експерт за изградба на пештери.
Џенифер се надева дека правливата пештера ќе ја претвори во свое живеалиште, но и дел кој ќе може да го изнајмува.
Таа веќе собира луксузни украсни предмети за да ја опреми пештерата, како што се бакарна када, црн самостоен мијалник, вградена машина за кафе Smeg, врати од храмовите од Индија и неколку лустери.
„Моите пријатели умираат од смеење за ова, но ова ќе биде најлуксузната пештерска куќа што можете да ја замислите, вклучувајќи сауна и теретана“, рече таа.
Пештерската куќа се гради во Кубер Педи, северно од Аделаида, каде што во лето температурите се искачуваат и до 50 степени.
Џенифер објасни дека затоа повеќето жители или користат стари рудници или копаат свои пештери, бидејќи одржуваат удобна температура од 22 до 24 степени цела година.
50-годишната жена си поставила лична цел пештерата да биде готова до Божиќ, но има уште долг пат до Божиќ.

















Коментирај анонимно