54 годишна инфлуенсерка се разголе и „покажа“ дека годините се само бројка – но, повеќето луѓе на интернет, не мислат така
Лу Федерстоун, 54-годишна инфлуенсерка и застапник за самодоверба, стана мета на критики откако објави видео на социјалните мрежи каде танцува во леотард, тесна, еластична облека што го покрива целото торзо и често има долги или кратки ракави, но остава голи нозе. Откако таа се појави во овој атуфит, го привлече вниманието на многумина и некои луѓе ја нарекоа „срамна“.
Во видеото, таа ја пресоздава познатата сцена од филмот „Флешденс“ (1983), а во описот се потсетува на својата прва соработка како инфлуенсер – рекламирање столче за туширање. Првично, таа одбила, чувствувајќи се навредена, но подоцна сфатила дека, доколку навистина сака да ги урне митовите за стареењето, мора да биде доследна на својата порака.
Иако многумина ја поддржале, други ја нападнале со коментари како „Облечи се, те молам“ и „Некој нека ја уапси“. Најмногу ја погодило тоа што повеќето негативни коментари доаѓале од жени.
„Жените мора да престанат да се напаѓаат меѓусебно ако очекуваат почит од мажите“, вели Лу, истакнувајќи дека жените се воспитувани со страв и срам според застарени правила. Таа има за цел да ги мотивира жените да ја прифатат зрелоста со самодоверба наместо со страв и несигурност.
„Многу жени живеат во страв од осуда, додека истовремено осудуваат други кои се слободни и среќни“, додава таа.
Иако не очекува сите да танцуваат во фонтани, преку своите објави сака да покаже дека животот по 50-тата година може да биде исполнет со радост и самопочитување.
Коментирај анонимно