6-годишно кинеско девојче постави светски рекорд во Рубикова коцка

Шестгодишната Лиан Јунџи од Кина постави нов женски светски рекорд во сложување Рубикови коцки, со просек од нешто над четири секунди по коцка.
Нејзиниот подвиг беше потврден на натпревари сертифицирани од Светската кубинг асоцијација, а кинеската државна телевизија CCTV објави дека таа веќе е запишана како рекордерка за најбрз женски просек во сложување коцка 3x3x3.

6-годишно кинеско девојче постави светски рекорд во Рубикова коцка

Од 4,52 секунди во Вухан до 4,27 во Гуангџоу

Лиан најпрво го урна рекордот претходно овој месец во Вухан, град во централна Кина, каде што постигна просек од 4,52 секунди.
Потоа, на друг натпревар во Гуангџоу, град во јужна Кина, го подобри резултатот на 4,27 секунди, објави CCTV во понеделникот.
Со тоа стана единствената женска натпреварувачка во брзо сложување коцки што постигнала просек под 4,5 секунди.

Од 4,52 секунди во Вухан до 4,27 во Гуангџоу

Црвена лента со машна и обид од околу 3,54 секунди

На натпреварот во Вухан, Лиан носеше црвена лента за коса со машна и изгледаше сериозно додека нејзините мали прсти се движеа брзо по коцката.
По еден обид што траеше само околу 3,54 секунди, таа гордо се насмевна и заплеска.

 

Кога имала 4 години, и требале 90 секунди за една коцка

CCTV објави дека Лиан првпат се обидела да сложи Рубикова коцка кога имала 4 години. Тогаш и биле потребни 90 секунди за да ја реши.
На почетокот немала доволно самодоверба за натпревари, но станала се позаинтересирана за сложувалката како што и се подобрувале резултатите и како што почнала да добива признание.
Тоа ја охрабрило да тренира посилно и да истрае низ предизвиците, објави телевизијата.

„Таа беше интровертно дете. Сега е многу самоуверена каде и да оди“

Нејзината мајка Лин Јангси изјави: „Таа беше интровертно дете. Сега е многу самоуверена каде и да оди“.
Според CCTV, Лиан совладала повеќе од 1.300 формули за сложување и во последно време тренирала приближно по два до три часа дневно.
Нејзините родители ја однеле и во Шангај за да учи од врвни тренери.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *