6 луѓе споделуваат вистински животни приказни со неверојатни заплети на кои Холивуд може вода да им носи
Повеќето од нас имаат моменти што никогаш нема да ги заборавиат. Овие луѓе решија да споделат неколку приказни од реалниот живот со пресврти што прават холивудските блокбастери да изгледаат како детска игра. Откако ќе ја прочитате оваа статија, можеби дури и ќе се запрашате дали вистинскиот живот е всушност побизарен од фикцијата.
1.
Излегов во паб една вечар. Таму имаше еден постар човек седеше на шанкот до мене и многу ме потсетуваше на чичко ми. Чичко ми живееше 25 години во Америка, но не изгледаше на овој човек, само имаше некои гестови што ме потсетуваа на него.
Не можев повеќе да издржам се свртев и му кажав дека ме потсетува на чичко ми. Тој на шала прашува „Како се вика чичко ти?“.
Јас му кажувам како се вика, кај живее и кај работи. Човекот ме погледна со неверување и ми ги кажа имињата на сите во мојата фамилија. Испадна дека бил цимер со чичко ми пред 30 години.
2.
На мојата цимерка ѝ беше понудено од еден богат човек, што живееше во нашето маало, да ѝ плаќа еден месец за таа да му биде милениче.
Таа мислеше дека ова е некој сладок начин за тој да ѝ се пушти.
А што тој навистина мислеше беше дека цимерката ќе живее во соба, ќе ѝ биде дадено многу пари за да ги троши на тоа да се облекува како мачка, да оди на раце и на колена, да јаде од чинија на подот, да користи кутија со песок за тоалет и да да спие во кафез навечер.
Таа се разбира ја одби понудата.
3.
Татко ми одел на улилиште со Џон Ленон. Тој обожавал да свири на тапани и еден ден Џон го прашал татко ми дали сака да биде тапанар во новиот бенд што го формираат.
Татко ми се двоумел и баба ми му рекла дека тој треба да го приоретизира учењето.
Бендот што се формирал се викал The Quarrymen. Сакам да замислам дека во алтернативен универзуам татко ми рекол да и тоа му бил животот.
Не ми ни пречи јас да не сум бил роден ако тргнел по тој пат, но мислам дека навистина заслужува таков живот.
4.
Како ја запознав љубовта на мојот живот во авион.
Требаше да седнам на сосема друго седиште, но испаднаа некакви проблеми и ме сместија на друго.
До мене седеше една Шпанка и ни тргна муабетот. Три недели подоцна јас од Америка летав за Шпанија за да се сретнам со неа. Три недели после тоа се преселив во Шпанија.
Сега само што прославивме 2 години и го чекаме да се роди нашето прво дете.
5.
Моите родители се развеле и татко ми не напуштил.
Никогаш не го имав запознаено или зборувано со него само имав слики од него.
Работев во болница. Го проверував распроедот на докторот и одеднаш го видов името на татко ми на него. Тој требаше да се види со докторот тој ден.
Влезе во мојата канцеларија, срцето ќе ми пукнеше. Му кажав дека докторот го чека во канцеларијата лево и тој си замина.
Потоа отидов да оставам некои документи во канцеларијата и кога излегував татко ми беше позади мене. Ја придржав вратата за тој да излезе. Тој рече фала.
Тоа беше единсвената интеракција со мојот татко во моите 30 години.
6.
Јас и брат ми сме двојајчани близнаци.
Нашата маќеа почина кога имавме 15 години. Еднаш се разбудив во солзи затоа што имав многу реален сон. Бев дома и мојата маќеа беше таму. Ме гушна и ми кажа дека ќе пораснам во многу убав дечко.
Не кажав за сонот на никого и отидов во школо. Подоцна добив повик од брат ми. Неговите први зборови беа „Знам дека ќе звучи чудно но имав многу реален сон за Меги минатата ноќ“.
Одеднаш целиот се наежив додека тој го раскажуваше истиот сон што го имав јас.

Коментирај анонимно