7-годишно девојче кое оди на натпревари за убавина направила стомачни мускули со вежбање во теретана и строга диета: „Ја поддржувам затоа што гледам дека е среќна“, вели мајката
Енџел Хејман, од Лос Анџелес, рече дека првпат забележала дека нејзината ќерка, победничка на изборот за убавина, Кинли, има стомачни мускули кога имала само три години.
Атлетската девојка се натпреварувала на натпревари од двегодишна возраст, пред нејзината мајка да одлучи да ја поттикне за гимнастика – по што поради ригорозните тренинзи станувала сè послаба.
За да остане во врвна форма, Кинли се придржува и до строга диета, со простор за само неколку „почести“ од време на време.
„Таа напорно работи за тоа, но мислам дека тоа е поврзано и со генетиката, бидејќи три од моите други деца се исто така мускулести. Кинли и еден од нејзините браќа секогаш се натпреваруваат за тоа кој има подобри стомачни. Таа ги сака и е горда на тоа колку е тонирана. Таа прави многу вежби за стомачни за да ги задржи така испакнати“.



Енџел ја вклучила Кинли на нејзиниот прв натпревар за убавина на двегодишна возраст и веднаш можела да каже дека нејзината ќерка е природен изведувач, дури и со многу малку тренинзи.
Подоцна, кога се појави пандемијата на Ковид, Енџел го искористила дополнителното време за да ја научи својата ќерка гимнастика, а наскоро тие редовно вежбале заедно користејќи гимнастичка опрема дома.
„Колку повеќе учеше Кинли, толку повеќе се заљубуваше во гимнастиката и одлучи дека еден ден ќе ги однесе своите вештини на Олимпијадата“.




Кога наполнила пет години, таа почнала да посетува теретана каде што можела правилно да тренира и да ги усоврши своите вештини. Таа сега вежба околу четири пати неделно, но понекогаш тренира и дома со нејзината мајка бидејќи може да биде поудобно.
Мајката вели дека се чувствува дека ова што го прават е правилно кога ја гледа Кинли толку среќна. Таа откри дека Кинли сака да се облекува гламурозно и дека ја однела во салон за нокти уште на две години.



Енџел го документира необичниот живот на нејзината ќерка на социјалните мрежи и најчесто привлекува негативни коментари.
„Не сакам да гледам наназад и да мислам дека морав да го сокријам моето дете бидејќи другите луѓе не можеа да се справат со тоа како изгледа таа. Понекогаш добива негативни коментари за нејзините стомачни мускули на социјалните мрежи, но јас ги бришам или едноставно ги игнорирам“.



Суперсилното седумгодишно дете е на строга диета со здрава храна, за која Енџел инсистира дека ја „сака“.
Гледајќи напред кон иднината на Кинли, таа додаде: „Кинли едвај чека да започне да се натпреварува на натпревари во гимнастика сега кога е доволно возрасна. Таа е сè уште многу фокусирана на тоа еден ден да стане олимписка гимнастичарка, како и позната актерка кога ќе порасне“.

Коментирај анонимно