7 работи кои се наметнати да се сметаат за популарни, а всушност се „забегување“ од реалноста

Не е ни чудо што велат: „Колку луѓе – толку многу мислења“. Ова се однесува на речиси секој аспект од нашиот живот. Честопати имаме тенденција да се држиме до мнозинскиот став, но има и доста контроверзни прашања. На пример, некој верува дека забите треба да бидат совршено бели, додека за некој таквото совршенство изгледа едноставно неприродно. Но со лесниот проток на информации, со социјалните мрежи и со тоа што секој може да го наметне своето како „нормално“, „тренд“, „стандард“ работите се измешаа и добија друг тек. Па доколку не внимавате и вие можете да станете жртва на овие трендови кои одат до крајност и претставуваат сè , само реалност не.

 

1. Огромни вештачки трепки

 

Лажните трепки станаа активно дискутирана тема. Многумина велат дека ги прават девојките да изгледаат како „Bratz“ кукли во природна големина. Во исто време, тие додаваат дека вештачките трепки можат да изгледаат убаво и природно, но не и кога изгледаат како пајаци. И воопшто, често се претерува и станува очигледно дека трепките на дамата не се нејзини. Покрај тоа девојките одат до такви размери кај што очите не им се гледаат од трепките. Тоа не е ни толку добро за очите бидејќи постојано имате лепак на очниот капак и може да доведе до инфекции.

 

2. Премногу долги лажни нокти

 

Има толку многу видови на маникир што не можете да ги изброите сите. Но многумина следат трендови па забегуваат со должината и изгледот на ноктите. А всушност изгледаат чудно, па дури и го комплицираат животот. Некои велат дека рацете со такви нокти изгледаат неприродно. Додека пак некои објавуваат видеа од нивните долги нокти убедувајќи ги сите како можат нормално да функционираат. И да е така, дали мислите дека рацете така изгледаат привлечно?

 

3. Неприродно бели заби

Некои луѓе се многу напорни за грижата за забите и, покрај превенцијата и лекувањето, одат и на дополнителни процедури. На пример, за белење. И тука е важно да не претерате со идеалноста и да не ја направите вашата насмевка неприродно бела. На крајот на краиштата, по природа нема такви заслепувачки бели заби.

4. Еден куп филтри на фотографиите и видеата на социјалните мрежи

Одамна сме навикнати на фактот дека на социјалните мрежи, особено оние специјализирани за фото и видео содржини, многу корисници ги уредуваат своите слики. Некој само ја менува осветленоста, додека некој активно применува филтри. Има луѓе на кои им се допаѓа, но има и такви кои очигледно не се задоволни со тоа. Но сето тоа прерасна во таков тренд, што веќе луѓето како да не помислуваат да се сликаат без филтер. Некои исто така ставаат филтри и на нивните мал деца. Други користат филтри кои ги менуваат до непрепознатливост. Па кога ќе биде доста? Кога нема да се познаеме ако се сретнеме на улица?

5. „Напумпани“ мускули

Се разбира, вкусовите на сите се различни. Но, многу луѓе забележуваат дека им се одбивни претерано напумпаните мускули кај мажите. Истовремено додаваат дека тоа важи и за жените кога станува збор за непропорционално зголемување на поединечни делови од телото. Но додека жените своите недостатоци ги покриваат со долги нокти, и трепки од кои ослепуваат, мажите одат кон градење на мускули. Сето тоа е во ред доколку се одржува здрав начин на живот и се одржува телото во форма. Но постојаното „растење“ на мускулите, пиење секакви работи и хемикалии е далеку од здраво. И сето тоа е повторно произлезено од промовирање на некои „трендови“ преку ТикТок, Инстаграм и слично.

 

 

6. Отечени усни

 

Дебатата за тоа дали вреди да се подобри вашиот изглед со помош на вештачки манипулации не стивнува. Многумина не сакаат зголемени усни со инјекции, а на некои не им се допаѓаат другите делови од телото, кои по процедурата изгледаат како човек да бил каснат од пчели. Некои веруваат дека премногу полни усни ги стареат младите жени или дека луѓето едноставно ги следат стандардите за убавина, сметајќи се себеси за несовршени. А што е најтрагично жртви на тие нови стандарди се младите девојки.

7. Совршено тело

Сигурно, многумина размислуваат како да ја направат нивната фигура да ги исполни современите стандарди за убавина. Но, еден корисник на Интернет се запраша дали вреди. Според него, некои едноставно не разбираат колку напор треба да се вложи за телото да биде совршено. И луѓето одат на разни трикови, од употреба на стероиди до хируршки интервенции, кои можат да доведат до непријатни последици, па дури и да ја расипат фигурата.

  • Nove напиша:

    Napumpani muskuli moze da se dobijat i samo so naporno vezbanje i ishrana, ne da se misli deka moze samo so vestacki raboti. Inaku nampumpani muskuli se i licen pogled. Ako nekomu ne mu se dopagaat toa e negovo. Koga se navezbani po priroden pat togas dobro izgledaat zasto Gospod dobri geni dal

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *