7 зеленчуци што растат брзо и ќе можете да ги засадите во својата градина оваа пролет
Сезоната на градинарство започна, а тоа значи дека е време да засадите зеленчук. Одгледувањето во сопствена градина не само што носи вкусна жетва, туку и заштедува пари. Еве седум брзорастечки зеленчуци кои можете да ги засадите сега и да уживате во нив летово.
Зелка: Се развива за 60 до 100 дена, бара барем 6 часа сонце и редовно наводнување. Толерира и постудени услови, па може да се сади и во доцна пролет.
Моркови: Подготвени за жетва за 60 до 80 дена, додека беби-морковите и побрзо. Потребна им е ронлива, каменлива почва и околу 1 литар вода неделно.
Краставици: Растат за 50 до 70 дена. Бараат поддршка за искачување и редовно полевање без прскање на листовите, за да се избегнат болести.
Здрава исхрана во текот на летото
Грашок: Лесен за одгледување и зрел за 50 до 70 дена. Може да се сее на секои две недели за постојана жетва. Бара сонце, но не многу вода.
Цвекло: Расте за 50 до 70 дена и е идеално за почетници. Успева во скоро секоја почва, може да се одгледува и во саксии и има декоративно лисје.
Модар патлиџан: Преферира топлина и сонце. Одгледувањето од садници го забрзува растот. Бара влажна почва, висока влажност и ѓубриво богато со калиум.
Спанаќ: Еден од најбрзите зеленчуци – зрее за 45 до 50 дена. Не поднесува топлина, па му треба сенка и постојано влажна почва. Може да се бере повеќепати.
Овие растенија се идеални за градина или балкон и ви овозможуваат здрава и свежа исхрана во текот на целото лето.
Коментирај анонимно