71-годишен дедо чиј рак се проширил „по целото тело“ открива дека се ослободил од болеста БЕЗ хемотерапија

На Стивен Косинс (71) од Амершам, Бакингемшир, му била дијагностицирана хронична лимфоцитна леукемија (ХЛЛ) во 2016 година. Оваа форма на рак влијае на крвта и коскената срцевина.

Наместо да се определи за стандардна хемотерапија, Стивен одлучил да учествува во експериментално клиничко испитување за тестирање на лекови кои го блокираат растот на ракот. Откако земал ибрутиниб три пати на ден во период од три месеци, Стефан почнал да зема и Венетоклакс.

 

 

Уште во 2016 година, Стивен рече дека неговата дијагноза дошла како целосен шок.

„Немав никакви симптоми и отсекогаш сум бил здрав. Немав земено ден од работа поради болест или настинка повеќе од 20 години. Секогаш мислите дека од рак заболуваат само другите луѓе. Моите деца беа вознемирени кога им кажав, а мојата сопруга беше посилно погодена од веста. Таа беше уништена. На внуците не можев да им ја кажам веста. Тие едноставно беа премногу млади и не сакав да се грижат“.

Во 2019 година, неговиот рак почнал агресивно да се шири. Во најлош случај, тој почнал да слабее и се чувствувал крајно уморен и летаргичен. Во ноември 2019 година, г-дин Косинс бил поканет од консултант да учествува во испитувањето на лекот FLAIR.

„Првично мислев дека повеќе би сакал да имам хемотерапија бидејќи тоа е стандарден третман. Си помислив „дали навистина сакам да бидам експериментален глушец за нови лекови?“ Но, откако консултантот и медицинските сестри објаснија дека со земање на овие лекови како дел од испитувањето, постои можност целосно да се ослободиме од рак за две години, помислив дека вреди да се проба. Морав да ги фрлам коцките. Сега имам повеќе време да поминам со моите внуци, семејството и сопругата. Во брак сме 46 години. Мислам дека правилно ќе прославиме дека конечно сме ослободени од ракот“.

 

Оваа нова услуга им помага на луѓето да пронајдат и да учествуваат во истражувањето за здравство и нега низ Обединетото Кралство.

Пациентите можат да го пријават својот интерес доколку живеат во Англија и можат да изберат за кои здравствени состојби се заинтересирани, како што се дијабетес, рак и болки во грбот, или да се пријават како здрави волонтер.

Луѓето исто така можат да изберат каков тип на истражување сакаат да прават, како што се испитувања на лекови, скенирања, фокус групи или пополнување онлајн прашалници.

 

Стивен рече: „Тоа беше најдоброто нешто што сум го направил. Влегов во експериментот пред три години и бев излечен, без рак, по две години. Тоа е неверојатно. Мојата сопруга и децата се воодушевени. Мислам дека никој од нас не веруваше дека ќе дојде овој ден. Прекрасно е и ми олесна што е готово. Јас сум еден од среќните. Беше успешен експериментот, но се надевам дека може да им помогне на другите луѓе кои минуваат низ истото. Доколку некој некогаш биде поканет да учествува во истражувачка студија, би рекол да ја ставите својата вера и доверба во медицинските сестри и лекарите. Тие знаат што прават. Имате сè да добиете и ништо да изгубите. И во иднина би можеле да ги спасите животите на луѓето кои живеат со рак“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *