71-годишната манекенка Роса Саито го „запали“ светот на модата

Стандардите за убавина кои се прифатени во денешниот моден свет, понекогаш наликуваат на имагинарен кафез. Луѓето кои сакаат да го посветат својот живот на модната индустрија мора да се усогласат со толку многу правила во врска со нивната возраст, изглед, па дури и однесување, што станува навистина угнетувачко за општеството. Затоа, секогаш е добра вест кога ќе дознаеме дека стереотипите се отфрлаат повторно и повторно, а има некои модели кои се осмелуваат да ја предизвикаат целата индустрија.

Денес сакаме да се запознаете со сега 71-годишната манекенка Роза Саито , која на целиот свет му докажува дека годините се само бројка, но не и мерило за нечија убавина и талент.

1. Нејзината манекенска кариера започнала многу подоцна

На 68 години, со бела коса и многу силен талент за уметност, Роса Саито одеднаш ја откри страста на нејзиниот живот: кариерата на модел. Нејзиното вистинско име е Сецуко Саито и го усвои името Роса на својот „Инстаграм“ за да го олесни изговорот.

Нејзината висина е 1,68 m, а нејзиното тогаш ограничено познавање на модната индустрија не ја спречило да блесне на овие простори. Главната карактеристика што и помогна бил нејзиниот авантуристички дух, што ја донел дури и на модната недела во Сао Паоло.

2. Љубовта кон модата на Роса, се развила уште од раното детство

Роза е родена во Арачатуба, Сао Паоло. Во раното детство , таа го открила својот креативен талент и се занимавала со пеење, цртање и пишување. Бидејќи била многу креативно дете, знаела дека ќе го поврзе својот живот со нешто навистина убаво.

„Отсекогаш знаев дека ќе се занимавам со нешто креативно, нешто што можам да го измислам. Сè што правам го правам на тој начин“, вели таа.

3. Чекорот кон станување модел се случил неочекувано

Пред да стане модел, Роза поминала низ доста предизвици и загуби во животот. На 22 години, таа се грижела за нејзината мајка која била заглавена во кревет. Потоа, како мајка на 3 деца, таа морала да биде и мајка и татко за своите деца, бидејќи го загубила сопругот во 2000-та година. Но, таа имала светла точка во нејзиниот живот и тоа била грижата за растенијата. Во нив ја пронашла својата секојдневна медитација.

„Важно е да се бараш и да се најдеш себеси . И мојот момент на мир е со нив (растенијата). Одам во мојата градина и разговарам со нив“, вели таа.

Никогаш не помислила да стане модел, но потоа и се обратиле професионалци. Дури откако била поканета 3 пати, решила да ја разгледа идејата.

„Два пати тоа беше од професионалци од агенцијата за модели „Мега“ и еднаш од фотограф. Ја оставив идејата да созрее една година, на крајот на краиштата, имаше и трошоци, не беше нешто во што ќе навлегувам баш така, слепо. Се додека не одлучив да ризикувам“, се сеќава таа.

4. Животот на Роса сега цвета, па таа има што да им каже на своите обожаватели

Сецуко била воспитана на многу природен начин и никогаш не можела да земе ниту еден аспирин како дете. „Сето тоа било засновано на чај, и во мојата суштина, јас сум таква, некако против секаква хемија. Така, секогаш се грижев за себе со алое, кокосово масло, маслиново масло“, вели таа.

Но, најсилниот акцент е хармонијата со себе. „Самата убавина е во тоа што навистина се грижиш за твоите мисли, за својата духовност. Личноста може да стане убава, волшебна, дружељубива. Според мене, важна е содржината“, вели Роза.

За неа стандардите на индустријата за убавина се угнетувачки, но има надеж. „Чувствувам дека полека се менуваме. Луѓето живеат подолго, повеќе се грижат за себе и компаниите навистина треба да се отворат повеќе во таа смисла и да ги визуелизираат овие потенцијални клиенти“.

  • Ljupcho напиша:

    Ubavinata e nasekade treba da ja najdeme godinite se sepak brojka koja treba da se pochituva gospogjava e top

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.