74 годишната Вера Ванг вели дека нарачува „Мекдоналдс“ „секој ден“ и ги открива нејзините тајни за младешкиот изглед- вклучувајќи крофни и водка

Вера Ванг откри голем број на изненадувачки тајни кои и помагаат да го одржи младешкиот изглед.

74-годишната модна креаторка, која долго време ги воодушевува обожавателите со нејзината затегната фигура и кожата што не стареее, рече дека не се лишува себеси кога е во прашање брзата храна.

 

 

 

„Јадам „Мекдоналдс“, апсолутно, го нарачувам секој ден, додека не им здоасид, а потоа ќе се сменам“, изјави Ванг – која неодамна призна дека е „исплашена“ дека не старее.
Дизајнерката, исто така, призна дека ужива во „Dunkin’ Donuts“, споделувајќи: „Ми се допаѓа крофната исполнета со крем, обложена со шеќер. Тоа е како крофна од желе, но внатре е крем, крем од ванила. Ми се допаѓа и розовото со шарените трошки“.

Ѕвездата претходно сподели во 2020 година дека нејзините тајни против стареење вклучуваат „работа, спиење, коктел од вотка и не многу сонце“.
Убавицата изјави и за „Page Six“ дека работниот живот ја одржува млада.

 

 

 

„Во суштина, работев цел живот, така што навистина се убивав од работа. Мислам дека работата ве одржува млади и стимулирани. Работам многу долго, чував две ќерки. Мислам дека да се биде зафатен е најдобриот противотров за добро здравје“.

Легендарната модна дизајнерка исто така откри дека не е премногу „преокупирана“ со својот изглед. Ванг, која минатата година ги шокираше обожавателите кога ја покажа својата неверојатна фигура во серија слики од нејзиниот 73-ти роденден, призна дека нејзината поголема грижа е да избегне физичка попреченост.

„Не сум целосно преокупирана со тоа како изгледам. Ја сакам мојата работа и многу сум страстна за мојата работа, моите пријатели, моите ќерки… Мислам, имам многу исполнет живот“.

 

 

 

Во априлското интервју за „People“, Вера откри дека нејзината убавина без стареење доаѓа од пиење коктели од вотка, девет часа спиење, работа и внимателен престој на сонце.

„Една од работите за кои е познато дека сакам да правам е да пијам коктел од вотка“.

Вера, исто така, го припишува својот прекрасен изглед на нејзината ноќна рутина, според која таа спие девет часа секоја вечер. Некои ноќи спие помалку, меѓутоа, „и требаат повеќе од шест или седум часа со сигурност“.

 

 

 

Вера откри дека доволното спиење и помага да се смири и да се забрза метаболизмот. Таа нагласи колку е клучен одморот, притоа забележувајќи дека „секоја возраст има свои стандарди за убавина“.

„Многу сум поласкана што луѓето мислат дека добро остарев, но тоа никогаш не беше моја цел“, објасни таа.
Вера започна своја компанија на 40-годишна возраст и откри дека се чувствувала „многу среќна“ што изградила своја империја. И иако сега е позната како невестински волшебник, таа не била отсекогаш опседната со свадбената индустрија.

 

 

На осум години тренирала уметничко лизгање, но не била успешна, па решила да влезе во модната индустрија. Работела во „Вог“ 17 години пред да се пресели во „Ралф Лорен“ две години. После тоа, таа стана независен дизајнер на невестински фустани и дизајнираше тоалети за Аријана Гранде, Челзи Клинтон, Иванка Трамп, Алиша Кис, Мараја Кери, Викторија Бекам, Сара Мишел Гелар, Клои Кардашијан и Ким Кардашијан.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *