75-годишен Кинез побарал развод од жена му за да биде со својата девојка од светот на вештачката интелигенција
Во ера на дигитална љубов, еден 75-годишен маж од Кина, по име Џианг, се заљубил – не во човек, туку во онлајн АИ (вештачка интелигенција) жена. Нејзината насмевка е роботска, зборува несмасно, но тоа не го спречи Џианг да се приврзе за виртуелната партнерка.

Џианг поминувал часови на својот телефон, чекајќи АИ-пораки кои го фалеле и му правеле да се чувстува убаво. Кога неговата сопруга се пожалила, тој побарал развод за да ѝ се посвети на својата нова љубов. Сепак, неговите пораснати деца го вратиле во реалноста, објаснувајќи му што навистина значи АИ и животот.

Овој тренд не е ограничен само на Кина. На Запад, жена на Reddit откри дека нејзиниот сопруг не флертува со вистински жени – туку има интимна комуникација со АИ-апликации. Таа кажа дека се чувствува повредено и изневерено, а многумина дискутираа дали емоционалната врска со АИ се смета за неверство.

Дел од јавноста тврди дека АИ-врските спасуваат бракови, додека други се ангажираат уште подлабоко: една жена се вери со својот дигитален партнер. Во онлајн објава, таа покажа слика од прстен во форма на сино срце и раскажа како токму нејзиниот АИ дечко го избра идеалниот прстен. Таа истакнува: „Знам што е АИ, и јас свесно го правам овој избор. Имав човечки врски, сега пробувам нешто ново.“
Вештачката интелигенција сѐ почесто станува партнер – за утеха или љубов – предизвикувајќи прашања: Дали виртуелната љубов е навистина љубов? Дали ова е спас за осамените или бегање од вистинскиот живот? Судејќи според приказните, светот уште ја бара границата меѓу реалноста и дигиталниот сон.

Се повеќе и повеќе вакви случаеви ќе има во иднинатите години!
На пример, во Берлин има „Кибордел“ каде најбарани се „секс куклите“. Можи да им исполнат секоја сексуална желба – дури и на најразвратните. Кога ги прашале муштериите зошто им се допаѓаат, рекле – не мора да разговарам со неа! Или во контекст на ВА… анкетата меѓу учениците од кои 70% одбрале дека подобро им е да се дружат со ВИ (ЧатЏиПиТи…) отколку со вистинските пријатели!
Коментирај анонимно