8 дена, 3 врва над 4.000 метри: Македонски планинари направија подвиг на Алпите

Од 2 до 10 август, четворица членови на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, заедно со планинари од други клубови, стигнаа до највисокиот врв на Алпите и во Европа, Мон Блан, на 4.810 метри надморска височина. Во истата експедиција беа освоени и Брајтхорн на 4.164 метри и Бишорн на 4.153 метри.

8 дена, 3 врва над 4.000 метри: Македонски планинари направија подвиг на Алпите

Од „Љуботен“ во експедицијата беа Надир, Јована, Исак и Александар

Тетовскиот клуб го претставуваа Надир Мурсели како водич и организатор на експедицијата, Јована Богоеска, Исак Синџировски и Александар Димитриевски. Во групата што се искачи на овие врвови беа и Никола Андоноски и Стоилко Стоичев од Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје, Слободан Димовски од Алпинистички клуб „Велесин“, Алма Халиловиќ и Аида Малишевиќ од Планинарско друштво „Височица“ од Сараево.

Од „Љуботен“ во експедицијата беа Надир, Јована, Исак и Александар

Мон Блан не беше најтежок поради патеката, туку поради времето

Мурсели вели дека најголемиот предизвик било искачувањето на Мон Блан. Причината, според него, не била тежината на патеката ниту висината на врвот, туку климатските услови што владееле во овој период од годината.

Мон Блан не беше најтежок поради патеката, туку поради времето

Одроните го направија симнувањето најризичниот дел од акцијата

„Температурите односно термафростот предизвикуваа големи одрони на камења. Симнувањето од планината беше многу опасно. Среќен сум што сè добро заврши. Како главен водич мене најбитна ми беше безбедноста на учесниците. Успеавме со оваа акција да искачиме три врвови над 4.000 метри на Алпите, а сите учесници беа спремни и мотивирани“, вели Мурсели.

Одроните го направија симнувањето најризичниот дел од акцијата

Петтото искачување ја затвори рутата што ја знае 30 години

Искусниот планинар и алпинист не случајно беше водич на групата, бидејќи претходно веќе четири пати се има искачено на Мон Блан.
„Ова ми беше по 5. пат да се искачам на Мон Блан, но воедно и последен пат. Со тешко срце се простувам од оваа рута што ја знам и ја искачувам последните 30 години. Ризикот и условите кои владеат на планината веќе се преголеми за мене и од таа причина решив да се повлечам. Секако, остануваат спомените од убавите дружења и фотографиите од врвот“, вели тој.

Петтото искачување ја затвори рутата што ја знае 30 години

Тетовските планинари добија помош од фирми од Тетово и Гостивар

За реализација на оваа мошне тешка и скапа алпинистичка акција, планинарите добиле поддршка од повеќе приватни фирми од Тетово и Гостивар.
Автор: З. Андонов

Тетовските планинари добија помош од фирми од Тетово и Гостивар

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *