8 не толку познати факти за Ацтеките, кои докажуваат дека биле далеку понапредни од своето време!

Цивилизацијата на Ацтеките била една од најобемните и најмоќните во Америка. Ацтеките биле многубројни луѓе, изградиле голема империја со импресивни споменици и сложен систем на владеење кој потсетува на модерните влади. Несомнено, жителите на Мексико во некои области биле далеку пред своето време и ги надминале тогашните Европејци. Ве покануваме да направите кратко патување назад во времето и да го посетите Тенохтитлан за да дознаете повеќе за животот на Ацтеките.

 

1. Луѓето можеле да се префрлаат од една во друга класа

 

Ацтечкото општество било поделено на 3 големи општествени групи: пили – најпривилегирана класа, мазеуали – обични луѓе, жители на градот и тлакотин – најсиромашната социјална група, составена од криминалци, заробеници и луѓе кои станувале робови за нивните долгови.

Интересно е што во другите општества, луѓето родени богати или сиромашни, во повеќето случаи, не можеле да го променат ова, додека кај Ацтеките, секој можел да го зголеми својот социјален статус. Тие верувале дека сè во универзумот има свое место и морална должност на секој човек е да го пронајде. Така, секој имал можност да се пресели во друга општествена класа доколку тоа го заслужи.

 

2. И мажите и жените носеле многу различни фризури

И мажите и жените се грижеа за својата коса, ја украсувале со накит, панделки и правеле сложени фризури. Мажите во најголем дел носеле коса до рамениците во комбинација со шишки, воините ја собирале косата во опавче или се бричеле ќелаво, оставајќи долги прамени на задниот дел од главата, кои ги плетеле, украсувале или исто така ги собирале во опавче.

Жените обично оделе со долга распуштена коса, која била собирана во плетенка за посебни прилики. Жените чиј придружник бил воин можеле лесно да се препознаат по нивната пократка коса.

 

3. Имале уникатен пристап кон убавината

Иако огледалата во модерната форма што ни е позната беа измислени многу подоцна, Ацтеките веќе имаЛЕ уред со кој можеле да го видат својот одраз. Направен е од сјаен црн камен наречен обсидијан. Мажите немале посебни процедури за убавина, но своето тело го украсувале со додатоци или накит во зависност од нивниот статус.

Жените ја менувале бојата на кожата, ја фарбале косата, се шминкале. Тие често ја покривале својата кожа со кал или жолта глина за да биде потемна.

 

4. Први користеле сауна

Темазкал значи „парна бања“ на ацтечкиот јазик. Тоа биле места со врели камења внатре, нивниот начин бил сличен на модерните сауни. Одењето во такви установи било дел од секојдневните хигиенски процедури.

Луѓето ги посетувале Темаскалите не само за да се капат. Во парните бањи, луѓето се лекувале од разни болести, користејќи ја сета разновидност на лековити билки. Во исто време, овие постапки биле и од религиозна природа. Се верувало дека пареата е како божествен здив, кој го чисти и физичкото и духовното тело.

 

5. Знаеле да мерат

Не би било можно да се изградат величествените храмови, куќите и палатите без систем на мерење, што им помогнал на Ацтеките прецизно да го пресметаат секој елемент од архитектонските структури. Покрај тоа, при креирањето на нивниот математички систем, тие развиле различни мерни алгоритми.

Ацтечкиот календар има 365 дена и е многу сличен на Грегоријанскиот календар што го користи целиот свет. Тие развиле и систем на мерки за должина, кој е многу сличен на нашиот метрички систем. Откако внимателно го проучувале, математичарите дошле до заклучок дека е многу точен и само во некои моменти дозволувал мали грешки.

 

6. Тие имале напредно медицинско знаење

Ацтеките се една од предхиспанските култури, познати по нивната медицина и широкото познавање на ботаниката и лековитите растенија. Тие можеле не само успешно да се борат со инфекциите и да ги шијат раните со коса, туку и да ги лекуваат скршениците со помош на имобилизација и речиси безболно да ги отстранат забите, вклучително и скршените, користејќи природни анестетици.

 

7. Родителите не ги именувале своите деца

Пред да се роди детето, Ацтеките одржувале свеченост. За да одберат име за нов член на семејството, родителите им го кажале на свештениците датумот на неговото раѓање. Тие според календарот го определувале знакот под кој е роден, а известувале каков е неговиот предзнак за иднината.

Врз основа на достапните информации, свештениците му давале име на бебето. Неколку дена подоцна, името на детето било објавувано на церемонија одржана во домот на неговото семејство, која донекаде потсетувала на крштевање. Меѓу традиционалните имиња на Ацтеките биле, на пример: Читлали, Тенох, Изел, Зума, Јарези.

 

8. 12 светски јазици наследиле зборови од Ацтеките

Гвакамоле, домат, авокадо се само некои од најпознатите ацтечки зборови кои ги користиме секојдневно. Тие доаѓаат од нахуатл, ацтечкиот јазик. Современиот шпански содржи многу зборови што доаѓа од нахуатл. Факт е дека конквистадорите пристигнале на територијата на Ацтеките и откриле огромен број нови работи за себе, особено растенија и други производи. Тие не знаеле како да ги наречат и почнале да ги користат веќе постоечките зборови на домородните луѓе.

Кои од овие факти ви беа познати?