82-годишен маж починал откако се степал со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција

Грчката полиција ги истражува околностите околу смртта на 82-годишен маж по инцидент што започнал поради лежалки на плажа во Вуљагмени, на атинската ривиера.

Инцидентот се случил во неделата наутро, кога 82-годишникот пристигнал на плажата заедно со сопругата. Откако не успеал да најде слободна лежалка, дошло до расправија со 76-годишен маж со кого претходно не се познавал. Вербалната расправија набрзо прераснала во физичка пресметка, во која, според информациите на грчките медиуми, се вмешале уште неколку лица.

За време на инцидентот, постариот маж се здобил со сериозни повреди, а постои сомневање дека доживеал и срцев удар. Итно бил пренесен во болница, каде што подоцна починал.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека во пресметката наводно учествувале и лица кои биле во друштво на 76-годишникот.

Полицијата го привела 76-годишниот маж, како и 21-годишна жена која била со него. Жената подоцна била пуштена, додека на разговор бил повикан и менаџерот на плажата.

За размерите на хаосот сведочел и очевидец, кој за „Катимерини“ изјавил дека викањето и врескањето за време на инцидентот се слушале дури и од спротивниот крај на плажата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *