9 приказни за оние кои пораснале со златна лажица во устата па реалниот свет ги „удрил по глава“

Многу богати живеат во опкружување на истите богати луѓе, па ако пораснале во изобилство, искрено не можат да погодат каков е животот надвор од нивниот „балон“. Можеби не мислат дека парите растат на дрвјата, но понекогаш немаат поим дека не секој може да си дозволи секој ден да влегува во ресторан или да ангажира чистачка.

Ние бевме љубопитни за моментите кога тие што се навикнати на огромни куќи и приватни авиони добиваат увид во реалноста.

1.

Бев многу разгалено дете. За мојот 16-ти роденден, моите родители ми купија нов црвен кабриолет. Јас бев премногу бесен затоа што сакав друга боја. И следното лето, од досада, се вработив како советник во камп за деца. Едно дете, околу пет години, одби да ги соблече чевлите и чорапите, дури и за да одиме на базен. Не можев да сфатам зошто додека еден ден не дојде со „куцање“. Го убедив да ги соблече чевлите и за малку ќе се расплакав – прстите му беа одвај напикани поради тесните чевли. Неговото семејство во тоа време не можело да купи нови. Направив пауза за ручек и отидов да му купам нови чорапи и неколку пара чевли. Засекогаш ми го промени начинот на размислување.

2.

Сфатив дека сум разгалена кога разговарав со моите другарки за облека. Ги набројав капутите и се пожалив дека немам уште една боја, а испадна дека тие имаат само една јакна за цела сезона.

3.

Моето семејство не е толку богато, туку со приходи над просекот. Кога им требаа пари за одмор, нов автомобил или друго големо купување, едноставно ја вадеа потребната сума од сметката. И кога тато ќе рече дека нема пари, тоа значеше дека ги нема во моментов, на одредена картичка. И така, кога имав 14 години, една пријателка на која ѝ се расипа телефонот рече дека нејзината мајка нема пари за нов. Велам: „Зошто таа не извади пари од сметката? – и таа вели: „Таа нема никаква сметка“. Мислев дека мајка и веројатно го крие тоа од неа, па дури после неколку години ми падна на памет дека самохрана мајка која работи како продавачка повеќе е веројатно да има пар кредити отколку банкарска сметка.

 

4.

Со моите пријатели разговаравме да одиме на плажа, а тие рекоа дека во лето има многу луѓе таму. И тогаш сфатив дека во моите 20 години никогаш не сум посетила јавна плажа, бидејќи во нашето семејство имаме 2 приватни плажи. Една од нив има кабини, туш и скара. Секогаш сум го земала тоа здраво за готово.

 

5.

Моите родители беа богати, но сакаа јас и моите браќа и сестри да знаеме што е работа. На 14 години се вработив во кафуле и имав колега на иста возраст. Мислев дека и таа работи за да го „гради карактерот“, па прашав како планира да се забавува на првата плата. А девојката наеднаш одговара дека ќе ја даде на родителите, бидејќи треба да ги платат сметките. Бев шокиран. Не ми паднало на памет дека некој на моја возраст треба да им помага на родителите со пари.

6.

Во средно училиште имав девојка Тина. Живеела во модерен кварт, во куќа со сопствено тениско игралиште. Еднаш ѝ кажав како ми недостига Германија, каде што го поминав моето детство. И таа вели: „Па, зошто не одиш таму?“ Објаснувам дека моето семејство нема дополнителни пари. И таа е збунета: „Не разбирам. Само купете билет и полетајте“. Се обидувам да објаснам дека билетите се скапи, а таа почнува да ми држи лекција за потребата да направам избор и да ставам приоритет. Не ѝ се вклопуваше во главата дека не секој може да земе и да лета во друга земја само затоа што така сака.

 

7.

Во мојата прва година на факултет, цимер од студентскиот дом ме праша дали знам во колку часот доаѓаат собарките за да ни ги исчистат собите и наместат креветите. Тој беше од многу богато семејство, а следниот семестар, во кој мораше да се грижи за себе, му беше полн со откритија.

 

8.

Излегував со момче од богато семејство. Бев сиромашна студентка, а тој постојано ме викаше во скапи ресторани и клубови. Еднаш реков дека нема да одам, бидејќи немам пари, а стипендијата нема да дојде наскоро. Мојот „мачо“ ја подигна веѓата и воздивна: „Ах, дали ти пречи да земеш од твоите родители?“ Не му паднало на памет дека живеам од парите на МОИТЕ родители, кои исто така немаат ни денар.

9.

Потекнувам од прилично богато семејство и не мислам дека сум особено разгалена, но во некои моменти реалноста ме потсетува дека животот е поинаков. Најшокантниот случај беше кога една другарка славеше 18-ти роденден. Таа нè повика во некое кафуле со зборовите: „На толку важен ден, сакам да се почестам со моите пријатели и сè да биде луксузно!“ Бев запрепастена, затоа што и јас вечерам 2 пати неделно во ресторани попрестижни од тоа кафуле, едноставно затоа што можам. Ме удираше по глава сознанието дека кафулето кое моето семејство не би ни помислило да го погледне е луксузно место за некого.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *