„99 проценти од моето тело е покриено со тетоважи – еве како изгледав порано, а како изгледам сега!“

Амбер Лук сака да се нарекува себеси „најтетовираната жена во Австралија “ – и прилично е јасно зошто. Ѕвездата на социјалните мрежи има околу 600 тетоважи кои покриваат приближно 98% од нејзината кожа.

 

 

 

Тие вклучуваат калиграфија на нејзиното лице, геометриски дизајни на градите и портрети на нејзините раце. Но, пред неколку години нејзиното тело било целосно празно платно.
Таа сподели две слики една до друга кои покажуваат колку е променет нејзиниот имиџ. Пред да почне да оди под игла, русокосата убавица имала кожа како Снежана.
Единствената боја на нејзиното лице бил црвениот кармин, но сега таа е целосно уметничко дело.

 

 

 

 

Можеби некому му изгледа екстремен изгледот, но Амбер може да се пофали со огромни следбеници благодарение на илјадниците луѓе кои го сакаат нејзиниот креативен изглед.
Покрај зависноста од тетоважи, 27-годишната манекенка од Бризбејн е и голем обожавател на модификација на телото. Таа има истегнати уши, расцепен јазик и дерма, како и пирсинг поставен под кожата.

 

  • Trendo напиша:

    na Apasiev zena mu hahahhaha ili direktorkata na motika kej se prepoznait kojaaaa eeeee hahahahah

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *