Како заврши приказната за опасните затвореници кои успеаа да избегаат од еден од „најбезбедните“ затвори во светот

Се сеќавата ли на „филмското“ бегство на шестмината палестински затвореници од затворот Гилбоа во северен Израел, познат како „Трезор“?

Израелската војска изјави дека конечно ги фатила последните двајца затвореници, откако минатата недела успеа да пронајде четворица од нив. Тие биле успсени од специјалните сили при потрага во Јенин, северниот дел на Западниот брег.

„Би сакал да им се заблагодарам на специјалните сили што работеа деноноќно, и за време на празниците и на Шабат, за да го затворат случајот“, рече премиерот Нафтали Бенет.

Четворица од затворениците отслужуваат доживотни казни поради терористички напади врз Израел. Петмина се членови на исламистичкиот џихад, а шестиот е Закарија Зубеиди високо позициониран лидер на Бригадата маченици Ал-Акса, коалиција на палестински вооружени групи на Западниот брег.

Приказната за бегството може да ја прочитате тука.