Бразилската тетка ја исфрлиле од црква и ја протерале од Ватикан заради облеката
34-годишната Жужу Виера влегла са ја разгледа базиликата Свети Петар, која се наоѓа во центарот на Ватикан. Бразилката набрзо била замолена да ја напушти територијата на државата, бидејќи нејзината облека го прекршила кодексот на облекување. Блогерката била облечена во мини фустан со отворен грб, а за чевли избрала чизми со штикла.
Жужу призна дека се чувствувала засрамено кога чуварот ја нарекол нејзината облека срамна и на груб начин ја избркал од храмот. Според неа, таа не ги знаела правилата за посета на Ватикан, бидејќи водичот не ја предупредил за кодексот на облекување. Според прописите, жените не смеат да носат маици, голи стомаци и шорцеви, а фустаните и здолништата мора да ги покриваат колената.










Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.
