10 кратки вицови за весел старт на викендот
Физички закон од семејниот живот: Штом жената зоврие, мажот испарува!
– – – – – – –
Падобранец – човек, којшто слегува од дрвјата, на коишто никогаш не се качувал.
– – – – – – –
Совет на денот:
Колку повеќе те нервираат, толку повеќе се насмевнувај! Колку повеќе се насмевнуваш, толку повеќе се нервираат.
– – – – – – –
Плавуша прв пат оди на стоматолог и тој ѝ објаснува:
– Само ќе ја отворите устата и ќе завршиме работа…
– Д-ре, јас имам дечко!
– – – – – – –
Знаете ли, дека…
Не е нервозен тој што тропа со прстите на масата, туку тој што тоа го дразни.
– – – – – – –
– Жено, ќерка ни веќе била со момче…
– Зошто мислиш така?!
– Ѝ дадов банана за десерт, а таа прво си ја врза косата…
– – – – – – –
– Две три во едно, три дупли, две нормални. Три чаја. Два билни и еден од шипка. Тој со шипка со две медчиња, билните со по три шеќерчиња. Три во едно со по три бели, дуплите со по две кафеави, а нормалните со по еден засладувач.
Келнерката по кратко размислување:
– Немаме струја…
– – – – – – –
Сообраќаен полицаец запира автомобил за контрола. Возачот му вели на полицаецот:
– Голем баксуз си брат…
– Зошто?
– Јас еднаш седнав да возам трезен, ти тогаш најде да ме запираш!
– – – – – – –
„Сите мажи бараат едно и исто.“
Тоа обично го кажуваат жени од кои никој ништо не бара!
– – – – – – –
Двата услови за стабилно женско пријателство:
– Различен вкус за мажи
– Ист вкус за алкохол
Коментирај анонимно