Важно откритие: Мажите сакаат голф и гради! – Најсексипилната поранешна голферка зашеметува со секси костим за Ноќта на вештерките
Поранешната професионална голферка, која стана модел, Пејџ Спиранац, ги воодушеви своите фанови со споделување слики на кои е облечена како Ками од „Street Fighter“ за Ноќта на вештерките.


Во вторникот на Инстаграм, 29-годишната девојка која оваа година „Максим“ ја прогласи за најсекси жена на светот сподели три слики од себе со своите 3,6 милиони обожаватели. Покрај жестоките фотографии, Спиранац напиша: „За натпреварот за костими на @swaggolfco за Ноќта на вештерките се облеков како Ками од „Street Fighter“. Ја сакам нивната серија „Street Fighter“, така што воопшто не трбаше да размислувам два пати“.

Спиранац, која престана да игра голф во 2016 година и премина во кариера со полно работно време во социјалните медиуми, сега има повеќе следбеници од кој било друг играч на голф – вклучувајќи ги Тајгер Вудс и Рори Мекилрој. Кога ова неодамна го откри веб-страницата за вести за голф, „Golf Magic“, Спиранац даде урнебесно објаснување за нејзината популарност.
„Важно откритие: Мажите сакаат голф и гради“, урнебесно напиша таа на Твитер.

Таа наводно, заработува повеќе од 18 илјади долари за една спонзорирана објава на Инстаграм – скоро 3 илјади долари повеќе од Вудс. Во 2021 година, таа се облече како Харли Квин за Ноќта на вештерките и постот беше исклучително добро прифатен. Нејзиниот најнов костим најверојатно ќе биде уште попопуларен.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Коментирај анонимно