10 кратки новогодишни вицови за да имате со што да ги насмеете вашите најмили
– Најпосле дома! – си помисли Дедо Мраз, преминувајќи ја бугарската граница…
– – – – – – –
– Зошто кинеските деца не веруваат во Дедо Мраз?
– Зошто тие ги прават играчките.
– – – – – – –
Драг Дедо Мраз, дај им на сите пратеници како нашите плати!
– – – – – – –
Малиот Зоки Поки оди кај татко си и му вели:
– Тато, како може да го сменам писмото што му го испратив на Дедо Мраз? Сакам да го чкртнам возот на батерии и да напишам велосипед.
– Зошто, зарем не сакаш воз повеќе?
– Сакам, но најдов еден во твојот шкаф.
– – – – – – –
Денес му напишав на Дедо Мраз што сакам да ми донесе за Нова Година и тој ме блокира.
– – – – – – –
„Дедо Мраз, ќе бидам кратка. Ми требаат пари и сакам да ослабам.“
„И јас ќе бидам краток. Вработи се и не јади толку!“
– – – – – – –
– Црвенкапо, што носиш во торбичката? – праша големиот, лош волк.
„Што ми требаше да се бричам?!“ – тажно си помисли Дедо Мраз.
– – – – – – –
Мало девојченце му пишува писмо на Дедо Мраз:
„Дедо Мраз, те молам за Нова Година испрати ми сестричка!“
По некое време девојчето добива повратно писмо од Дедо Мраз:
„Нема проблем! Испрати ми ја мајка ти.“
– – – – – – –
Порано Дедо Мраз постоеше, но една Нова Година се се смени. Дедо Мраз заборави да му однесе подарок на Чак Норис.
– – – – – – –
– Тато, знае ли Дедо Мраз што е тоа Play Station 5?
– А ти Play Station 5 ли си нарача?
– Да!
– Дедо Мраз не постои!
Коментирај анонимно