10 кратки вицови за долго и слатко смеење
– Каде ги чуваш парите, во банка или дома?
– Во сеќавањата.
– – – – – – –
Разговараат две пријателки:
– Не верувам дека маж и жена можат да спијат во ист кревет без да се случува нешто.
– Омажи се, и ќе поверуваш!
– – – – – – –
– Имаш 500 евра. Жената ти ѕвони да бара 200, љубовницата – 300. Колку ти остануваат?
– 500 и два пропуштени повици.
– – – – – – –
– Каков човек беше бившата Ви жена?
– На терасата да излезе, со гулабите ќе се скара!
– – – – – – –
Скапан живот, скапани луѓе, скапано време!
Опаааа, се е во ред, си ја најдов ракијата…
– – – – – – –
Принцот оди во ресторан и го чита менито:
Варени жаби, печени жаби, панирани жаби…
Воздивнува длабоко:
– Гледај што прават луѓето! А јас глупакот се оженив!
– – – – – – –
Краток оглас на жена што бара партнер:
“Готвам. Молчам. Насекаде.”
– – – – – – –
– Жено, струјата и водата скапнаа! Треба да почнеме да штедиме и да се капеме заедно!
– Јас веќе заштедив. Се искапив кај комшијата…
– – – – – – –
Еден маж секогаш може да го добие од една жена тоа што таа го сака!
– – – – – – –
Ако некој Македонец многу си ги фали комшиите, значи си го продава станот.
Коментирај анонимно