10 кратки вицови за повесел викенд
– Душо, дали би ми простила ако еднаш те изневерам?
– Јас, не!
– Значи иста си како жена ми.
– – – – – – –
Баба во продавница за риба:
– Момче, свежа ли е рибата?
– Бабо, нели гледаш дека е жива?
– Абе и јас сум жива ама…
– – – – – – –
Жената е точно спротивното од кучето. Тоа разбира се, но не може да каже ништо.
– – – – – – –
– Ако не ми дадеш ќе умрам – рекол тој.
Таа не му дала и после шеесет години тој умрел.
– – – – – – –
Кога жената вели дека ги сака децата повеќе од мажот си, не ѝ верувајте!
Децата таа може да ги остави на комшивката, а мажот – никогаш…
– – – – – – –
Додека стоиш со лицето кон минатото, свртен си со задникот кон иднината!
– – – – – – –
Колку полошо готви жената, толку построен е мажот ѝ.
– – – – – – –
– Дајте ми три литри вино.
– А некаков сад носите ли?
– Госпоѓо, со садот разговарате!
– – – – – – –
Жената го кара мажот:
– Засрами се, кога и да видиш симпатична жена и забораваш дека си женет!
– Напротив! Баш тогаш ми текнува.
– – – – – – –
Вработениот оди кај шефот и му вели:
– Ако не ми ја покачите платата за 50 евра, ќе им кажам на сите дека сте ми ја покачиле за 100 евра.
Коментирај анонимно