10 кратки вицови за повесел викенд
Плавуша добива автомобил на лотарија. Оди да си ја земе наградата и вели:
– Сакам колата да биде црвена!
– Дали сакате црна? Зелена? Жолта? – прашуваат организаторите – Бидејќи во моментов немаме црвени…
– Ааа, така значи! Тогаш да ми го вратите ливчето…
– – – – – – –
Студ. Дожд. Во еден момент некој ѕвони на вратата. Отварам и гледам – свекрвата ми е пред вратата.
– Леле, што правиш надвор на ова време? Брзо да си одиш дома на топло.
– – – – – – –
Жената кон депресивниот сопруг:
И како така – немаше за што да живееш?! Станот не е отплатен, колата не е отплатена, ладилникот – исто така…
– – – – – – –
– Жено, ова месово е многу тврдо, не е доволно чукано.
– Каква е готвачката, такво е и месото…
– – – – – – –
Наточив 500 денари бензин и автомобилот ме прашува: “Внатре ли е веќе?”
– – – – – – –
Точно било дека животните претчувствуваат катастрофи. Кучето го лаеше младоженецот…
– – – – – – –
Толку сум стар што ги памтам фолк пејачките со оригиналните усти и носови.
– – – – – – –
– Леле нешто многу ме чешат чакрите!
– Е па кога медитирај со кој ќе ти падне…
– – – – – – –
Тато, што да правам, жената веќе втора недела не ми зборува?
Чувај ја сине! Таквите жени како неа се реткост!
– – – – – – –
Марче сине, не буричкај во штекот, мама! Ќе падне осигурувачот, а татко ти гледа фудбал и ќе стане ќе те ошамари!
Коментирај анонимно