10 кратки вицови за повесел продолжен викенд
Автомобилите се создадени за да успееме да стигнеме од точка А до точка В.
Ако со поскапички и полуксузни, некои може да стигнат и до точка G.
– – – – – – –
– Жено, многу пари си потрошила!
– Трошам само за потребите на семејството!
– На фискалната пишува: сенка за очи, шминки и шише вино.
– Па семејството има потреба од убава и среќна жена!
– – – – – – –
Жената без шминка е страшно нешто, еве гледај…
– Ама ова е слика на исплашена мечка, бе!
– Е да де, жена ми ја сликаше.
– – – – – – –
Разговор на Инстаграм:
– Здраво, јас сум Ваш таен обожавател!
– Навистина!? А зошто сте „таен“?
– За да не дознае жена ми.
– – – – – – –
– Мажу, излегувам, нешто ти треба ли?!
– Не, тоа е доволно.
– – – – – – –
– Што е заедничко меѓу грдата жена и салатата?
– И двете одат со многу ракија.
– – – – – – –
– Абе брат, ти од кога носиш обетки?
– Откако жена ми ги најде во колата…
– – – – – – –
Многу мразам луѓе кои земаат наркотици, а од нив најмногу ги мразам оние од обезбедувањето на аеродромот.
– – – – – – –
Паметната жена дарува среќа, глупавата ја чака!
– – – – – – –
Животот ви се средил, ако пијалокот што го пиете е постар од жената со која спиете!
Коментирај анонимно