10 кратки вицови за долго смеење
Стариот мајмун му објаснува на младиот што е тоа условен рефлекс:
– Сега ќе го стиснам ова копче, а оној идиот со белата престилка ќе ни донесе по една банана.
– – – – – – –
– Вие мажите само во деколтето на жената знаете да гледате!
– Мислиш ли дека ако јас се шетам со раскпчан патент, ти ќе ме гледаш во очите?
– – – – – – –
Вегетаријанците се едни такви доста наивни индивидуи, кои се цврсто убедени дека саламата се прави од месо.
– – – – – – –
– Тато, точно ли е дека сте ме нашле во празот?
– Точно е, Зоки! Вчера те најдовме зад гаражата, а завчера на автобуската. Престани да локаш ракија, сине!
– – – – – – –
Човек дури и добро да живее, доаѓа жена му и си го прибира од кафаната.
– – – – – – –
Прво правило на младоженецот, за долг и среќен брак:
„Забрави на сè со што те хранела мајка ти!
– – – – – – –
Мажот ја прашува љубовницата после с*кс:
– Мила, знаеш ли кој ја напишал „Кама Сутра“?
– Не, ама знам кој не ја прочитал!
– – – – – – –
– Ало Комшо, слушам дека жена ти направила сообраќајка со новиот автомобил. Повредена ли е?
– Уште не е. Се заклучи во спалната.
– – – – – – –
– Зошто си го крстил кучето Белчо кога е црно?
– А твојата жена зошто се вика Добринка?
– – – – – – –
Доктор оди во ординацијата на свој колега:
– Колега, нешто не сум добар, ќе ме прегледаш ли?
– Зошто сам не се прегледаш?
– Не можам бе, многу скапо земам!
Коментирај анонимно