Емили Ратајковски ужива да ни ја покажува долната облека и откри што мрази кај мажите
32-годишната манекенка ја покажа својата фигура во проѕирен црн фустан. Нема да дебатираме дека таа навистина има неверојатна фигура, но во ред е Емили сите знаеме, остави нешто и на имагинацијата. Не мора се да се прави за внимание.
Манекенката е мајка на својот двегодишен син Силвестер Аполо Бер, од нејзиниот четиригодишен брак со „серискиот измамник“, продуцентот Себастијан Бер-МекКлард, кој заврши пред една година.
Емили ги откри што најмногу мрази кај мажите за време на интервјуто со инфлуенсерката Реми Бадер на нејзиниот подкаст, High Low with EmRata .
„Кога мажите носат панталони што ги откриваат глуждовите. Го мразам тоа. Така и најжешкиот маж нема да ми биде привлечен. Како стапало без чорапи кога сакаат да седнат, а ногавицата се крева нагоре, а јас го гледам нивниот глужд. Се колнам во Бога дека се гледав со еден дечко и тој дојде во кратки панталони и слично, со чевел што му го откриваше глуждот и оттогаш не сум го видела“.
Па додека Емили зборува КАКО МАЖИТЕ СМЕАТ ДА ГИ ПОКАЖАТ ГЛУЖДОВИТЕ? Дали на мажите им се допаѓа што таа дава се на тацна?
Најубава жена во светот, период (.). Бидејќи скоро се разведе, баш планирам да и се пуштам (по социјалните мрежи со една порака на охрабрување, дека не се сите мажи исти, има некои што носат бермуди, наместо пантолони, како мојата маленкост)!
Коментирај анонимно