10 кратки вицови за инстант подобрување на расположението
– Жено, ти се исплаши ли сношти кога се вратив пијан, со скршена глава, помодрено око и избиени два заба?
– Кога се врати дома ти си беше добар.
– – – – – – –
Зоки му вели на татко си:
– Тато, тато, вчера со Славјанка и Венко речиси правевме тројка.
– Како тоа речиси бе?
– Па Славјанка не дојде.
– – – – – – –
Плавуша се слуша на телефон со другарка:
– Да ти кажам само една супер работа. Отворија една нова автоперална многу блиску до нас. Ќе можам и пешки да одам.
– – – – – – –
Ерген – човек кој сака да има жена, но мама не дава.
– – – – – – –
– Се мислам да се откажам од тие социјални мрежи.
– Зошто?
– Некакви бабички и дедовци тврдат дека ми се школски.
– – – – – – –
Некои мажи се симпатични и на 60 години, а некои не се ни на 20. Не е до годините, до колата е!
– – – – – – –
– Мажу имам добра и лоша вест. Со која да започнам?
– Сеедно.
– Те напуштам.
– А лошата?
– – – – – – –
Плавуша влегува во библиотека.
Библиотеката:
– Врне а?
– – – – – – –
– Изгледаш многу уморен брат.
– Е така ти е, одмор во Охрид, секој ден пешки до езерото.
– А каде беше сместен?
– Во Ресен.
– – – – – – –
– Мажу, имам љубовник.
– Ако, така му треба!
– – – – – – –
Коментирај анонимно