Гужвана пита нека биде вашата идеја за прекрасен семеен доручек овие денови
На денешното мени од „Магична ГАЛА кујна“ имаме гужвана пита. Оваа пита може да биде одличен семеен доручек и закуска што ќе ја обожуваат сите. Еве на кој начин најлесно ќе ја направите:
- Од 1/2 кг кори за пита оставете 2 кори, една за дното на тепсијата, другата за одозгора.
- Фил: 3 јајца изматете со миксер, додадете 150 мл масло, 300 мл јогурт, 100 мл млака вода, 1 кесиче сув квасец, 1 пециво, 1 лажиче сол и 4 лажици брашно (или 4 лажици гриз).
- Од филот оставете 1 филџан (за кафе), а во остатокот додадете 300 гр иситнето сирење.
- Во филот ке ги додадете корите кои ги кинете со рака и убаво измешајте ги со филот.
- Тавчето со димензии 25х35 цм намачкајте го со масло и ставете ја првата кора, сипете го филот со корите и убаво распоредете го, одозгора ставете ја втората кора.
- Одозгора премачкајте со 1 филџан од филот кој го оставивте, убаво посипете со сусам и оставете ја питата околу 20 мин да одмори.
- Печете во загреана печка на 200 степени околу 30 мин. Проверете со чепкалка и ако не е доволно печете уште, но покријте ја питата со хартија да не ви прегори по површина.


Мотика, дали имате рецепт за правење “тури – потпечи” ?
…за другар прашувам.
Коментирај анонимно