Гужвана пита нека биде вашата идеја за прекрасен семеен доручек овие денови

На денешното мени од „Магична ГАЛА кујна“ имаме гужвана пита. Оваа пита може да биде одличен семеен доручек и закуска што ќе ја обожуваат сите. Еве на кој начин најлесно ќе ја направите:

  • Од 1/2 кг кори за пита оставете 2 кори, една за дното на тепсијата, другата за одозгора.
  • Фил: 3 јајца изматете со миксер, додадете 150 мл масло, 300 мл јогурт, 100 мл млака вода, 1 кесиче сув квасец, 1 пециво, 1 лажиче сол и 4 лажици брашно (или 4 лажици гриз).
  • Од филот оставете 1 филџан (за кафе), а во остатокот додадете 300 гр иситнето сирење.
  • Во филот ке ги додадете корите кои ги кинете со рака и убаво измешајте ги со филот.
  • Тавчето со димензии 25х35 цм намачкајте го со масло и ставете ја првата кора, сипете го филот со корите и убаво распоредете го, одозгора ставете ја втората кора.
  • Одозгора премачкајте со 1 филџан од филот кој го оставивте, убаво посипете со сусам и оставете ја питата околу 20 мин да одмори.
  • Печете во загреана печка на 200 степени околу 30 мин. Проверете со чепкалка и ако не е доволно печете уште, но покријте ја питата со хартија да не ви прегори по површина.

 

  • Филип напиша:

    Мотика, дали имате рецепт за правење “тури – потпечи” ?

    …за другар прашувам.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Филип Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *