Силна експлозија во фабрика за огномети на Малта (видео)

Силна експлозија вчера рано наутро ја потресе Малта, откако избувнал инцидент во фабрика за пиротехника во областа Матаб.

Според локалните медиуми, детонацијата се слушнала околу 6:35 часот, а густ чад бил видлив од повеќе делови на островот. По првичната експлозија следеле и неколку помали детонации, поради што жителите од околината биле евакуирани.

Засега нема официјални информации за жртви, но пријавена е материјална штета на објекти во близина. На терен веднаш интервенирале пожарникари, полиција и итна помош, додека истрагата за причините за несреќата е во тек.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *