Деветгодишно девојче крева трипати поголема тежина од својата и станува светска интернет сензација

Луси Милгрим не е обично девојче на 9 години! Додека повеќето девојчиња на нејзини години го поминуваат времето на телефон, таа крева тегови неколку пати поголеми од сопствената тежина, се бори професионално и тренира пет пати неделно. Таа веќе има поставено три американски рекорди преку организацијата USA Powerlifting и неодамна го шокираше светот кревајќи 82 килограми пред публика.
Минатиот месец, додека присуствуваше на спортскиот фестивал „Арнолд“ во Колумбус, Охајо, Луси изведе атлетски подвиг што веднаш ја направи онлајн сензација. На само девет години и со тежина од само 32 кг, таа успеа да крене 84 кг со едно чисто движење.

Деветгодишно девојче крева трипати поголема тежина од својата и станува светска интернет сензација

Луси растела во теретана и мотивирана од нејзините родители уште како мала

Таткото на Луси, Брет Милгрим, за People Magazine изјави дека таа “секогаш беше природно силно дете” и имала различна основа од другите деца. Тој и неговата сопруга тренирале во теретана кога Луси била уште мало дете, а таа почнала да ги имитира.
„Мама и тато; тие тренираа во теретана, и јас ги гледав како прават секакви интересни работи, па сакав и јас да пробам“, потврди Луси. „Се заинтересирав за борење затоа што татко ми е тренер по борење и нè носеше мене и мојот брат на тренинзи по борење.“

 

Контроверзии и критики околу здравствените ризици од подигање тежини на млада возраст

Иако резултатите на Луси се импресивни за нејзината возраст и тежина, нејзините успеси предизвикаа расправии на социјалните мрежи. Додека снимките од мртвото подигање трипати поголемо од нејзината тежина стануваа вирални, некои гледачи изразија стравувања дека тешките тренинзи можат сериозно да влијаат на нејзиното здравје.
„Иако е импресивно, не сум сигурен дека ова е добро за 9-годишно дете,“ коментираше еден корисник. „Нејзините коски и мускули сè уште не се подготвени за ваков напор. Се плашам дека ќе се повреди.“
„Ова е небезбедно… таа уште има растечки плочи на коските. Децата не треба да креваат тежини додека не бидат во средно училиште, по пубертет. Брзо ќе страда и нејзиниот карличен под…“ напиша друг корисник.
Луси Милгрим засега не излегла со одговор на критиките кои се појавија на социјалните мрежи околу нејзината тренинг-рутина и здравствени ризици поврзани со вакви спортски напори на млада возраст.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *