Решил Господ да слезе во Македонија (виц)
Решил Господ да слезе во Македонија и да прави добрини.
Оди така по улица и гледа човек како горко плаче.
— Зошто плачеш, сине мој?
— Инвалид сум, Господи, не можам да одам.
Господ му ги помилувал нозете, човекот станал и тргнал по светот да ја слави Божјата сила…
Продолжил Господ понатаму, гледа жена седи на тротоар и рида.
— Зошто плачеш, ќерко моја?
— Слепа сум од раѓање!
Господ ја помилувал по лицето, таа прогледала и тргнала по светот да ја слави Божјата сила…
Продолжил Господ понатаму, гледа мало детенце како плаче.
— Зошто плачеш, детенце?
— Затоа што сум несреќен… така ми се погодило, сум се родил и живеам во Македонија…
И седнал Господ до него… и заплакал заедно со него.


Коментирај анонимно