Хит гатанки што ќе ве зезнат на прва

1. Како се лови риба?
Фрлаш незапалена цигара во вода и рибата излегува да ти побара запалка.

2. Каде морето е најсуво?
На картата.

3. Кој е најдолгиот збор?
Ластик — можеш да го развлекуваш колку сакаш.

4. Што мисли штркот кога стои на една нога?
Дека ако ја крене и другата ќе падне.

5. Во каква чаша се тура вино?
Во празна.

6. Зошто Наполеон бил на бел коњ?
За да не оди пеш.

7. Што има во центарот на Скопје?
Буквата „о“.

8. Што е зиг-заг?
Најкраткиот пат меѓу две кафани.

9. За што се носи чадорот?
За рачката.

10. Може ли со еден чадор осум девојки да останат суви?
Може, ако не врне.

11. Кога термометарот паѓа?
Кога не е добро закачен.

12. Што е последното што ѝ поминува низ глава на мува што удрила во автомобил?
Газот.

13. Што ќе помислиш ако видиш многу врапчиња на дрво?
Дека имаат состанок.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *