15 знаци дека еден Американец предолго живеел во Македонија

15 знаци дека еден Американец предолго живеел во Македонија:
- Кога секој втор збор му е „Е*ати“.
- Кога ја чукнува соларката од маса пред да си стави сол.
- Кога грицка семки во кино и ги фрла лушпите под седиште.
- Кога во сообраќајна си чува 20 евра „ако затреба“
- Кога ќе сфати дека пред Македонија не знаел вистински да пцуе.
- Кога веќе не кочи на пешачки — само свири.
- Кога за секоја своја мака вика: „Е државава е крива.“
- Кога ќе почне да оди на кафе „на 5 минути“, а се враќа после 3 часа.
- Кога веќе не му е чудно што на 50 метри има 7 кафулиња.
- Кога во театар прво прашува кај е кафулето, па после која е претставата.
- Кога ќе научи дека „одма“ значи од 10 минути до 3 дена.
- Кога ќе престане да се нервира за дупките по улиците и автоматски ги избегнува.
- Кога веќе знае кај може „на вересија“.
- Кога ќе сфати дека „ќе завршиме работа“ е официјален начин на живот.
- Кога ќе се врати во Америка и ќе му фали кафето од 120 денари и муабетот од 4 саати.

Коментирај анонимно