Бог решил да ја испрати Дева Марија во Македонија (виц)
Бог решил да ја испрати Дева Марија во Македонија за да види како живеат луѓето. Ја пратил на една забава и ѝ рекол секој час да му се јавува и да му кажува каква е ситуацијата.
По еден час, Дева Марија се јавува:
– Боже, овде Дева Марија. Жал ми е, но морам да ти признаам… се напив.
Бог ѝ одговорил:
– Срами се! Оди во аголот и кажи 20 „Оче наш“.
Дева Марија направила како што ѝ рекол Бог и се вратила на забавата.
По уште еден час, повторно му се јавува:
– Боже, овде Дева Марија. Сега и се надував… Жал ми е…
Бог ѝ одговорил:
– Сега за казна ќе кажеш 50 „Оче наш“!
Таа го направила и тоа, па повторно се вратила на забавата.
По уште еден час, повторно му се јавува и вели:
– Боже… овде Марија…


Коментирај анонимно