Танзаниската манекенка Вини Кибује позира со „Застава Скала“ под Килиманџаро во 1975

Во 1975 година, за време на легендарната експедиција „Крагуевац – Килиманџаро“, танзанискиот модел Вини Кибује позирала покрај автомобил „Застава Скала“ (попознат и како „Стоеден“). Фотографијата била направена како дел од промотивната кампања на тогашната југословенска автомобилска индустрија и подоцна станала една од најпрепознатливите фотографии поврзани со „Застава“.

Експедицијата опфатила повеќе од 11.000 километри низ Африка, а целта била да се покаже издржливоста на автомобилот во екстремни услови – од пустини до савани, сè до подножјето на Килиманџаро. Фотографиите од Вини Кибује и „Стоеденот“ подоцна биле користени во рекламните кампањи на „Застава“ и денес се сметаат за вистински историски бисери од автомобилскиот маркетинг на поранешна Југославија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *