Танзаниската манекенка Вини Кибује позира со „Застава Скала“ под Килиманџаро во 1975
Во 1975 година, за време на легендарната експедиција „Крагуевац – Килиманџаро“, танзанискиот модел Вини Кибује позирала покрај автомобил „Застава Скала“ (попознат и како „Стоеден“). Фотографијата била направена како дел од промотивната кампања на тогашната југословенска автомобилска индустрија и подоцна станала една од најпрепознатливите фотографии поврзани со „Застава“.
Експедицијата опфатила повеќе од 11.000 километри низ Африка, а целта била да се покаже издржливоста на автомобилот во екстремни услови – од пустини до савани, сè до подножјето на Килиманџаро. Фотографиите од Вини Кибује и „Стоеденот“ подоцна биле користени во рекламните кампањи на „Застава“ и денес се сметаат за вистински историски бисери од автомобилскиот маркетинг на поранешна Југославија.


Мојот прв купен автомобил 80-тите, беше Застава 101 од 1976 год со италијански мотор и механика. 90-тите ја купив 2 кола, погодувате: Застава 101! Ја возев 20 год. Што беше предност на Застава? Сите сами си ги одржуваа. Сервисот беше лесен, приодот кон моторот растеретен! Од тогаш до денес сменив 3 автомобили купени во салон, но Застава си е Застава! Можеби толку ми значи, бидејќи тоа време бев млад шизик! Можеби не!
Коментирај анонимно