А ти што мислеше? Мајка со 800 тетоважи е очајна и се жали дека никој не сака да ја вработи

Тетоважите отсекогаш биле предмет на несогласување, особено меѓу различните генерации. Но, со текот на времето, луѓето стануваат поотворени за уметност на телото. Но ова што го има оваа жена го сквернави зборот уметност.

Но, 46-годишната Мелиса Слоун не е од оние родители што ќе ви забранат да се тетовирате, Мелиса Стоун е другата крајност. На Мелиса Стоун треба нејзините родители да ѝ забранат веќе да се тетовира, иако е мајка на две деца…

 

Мајката на две деца која е од Велс во Обединетото Кралство, порано имала работа за чистење тоалети. Но, таа вели дека сега не може да најде слична работа поради тетоважите што го покривааат нејзиното лице и тело. Мајката се бори да најде платено вработување затоа што како што вели таа луѓето ја судат по нејзиниот изглед, а инаку вака она си е сосема нормална еве на фаца ѝ се гледа.

 

 

„Не можам да најдам работа“, вели Слоун во нејзиното интервју . „Аплицирав за работа за чистење тоалети каде што живеам и не ме вработуваат поради моите тетоважи“.

Треба некој да ѝ каже на Мелиса дека ова не се тетоважи. Тетоважа е друго..

 

Но и покрај тоа што најверојатно се плаши кога ќе се погледне во огледало мајката на 2 деца е просто ЗБУНЕТА од критиките на луѓето.

Мелиса искрено не може да сфати зошто луѓето воопшто се мачеле да размислуваат на тетоважите што ги има. Нема што да размислуваме, кога ни се пред нос, и да сакаш не можеш да не размислуваш.

„Луѓето велат дека никогаш во животот не сум имала работа, но еднаш имав, и тоа не траеше долго. Ако некој ми понуди работа утре, јас би отишла да работам – би ја прифатила таа понуда“.

 

 

Мелиса почнала да се тетовира кога имала 20 години и тоа брзо станало нејзина опсесија. Таа има посебна страст за тетоважите на лицето и нема гола кожа на лицето.

И покрај сите нејзини борби, таа не сака да се откаже од својата „страст“.

И покрај нејзините маки со наоѓање работа, Мелиса вели дека сè уште добива најмалку 3 нови тетоважи секоја недела, опишувајќи се себеси како „зависна“.

„И кога ќе имам 70 години сè уште ќе си правам тетоважи. Секое парче кожа ќе биде покриено дури и ако помодам, моето лице веќе станува сино – изгледам како Штрумф“. – и после се прашува зошто не ја вработуваат…

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Ico напиша:

    Moze dase vraboti za plasilo vo bostan😀😀😀😀😀😀

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *