Ајде, Барби, да одиме на јахта: Ултра луксузната розова јахта продадена за 5,68 милиони долари- но, за жал, Кен не е вклучен во цената

Розовата јахта од 5,86 милиони долари е официјално купена од неидентификуван „меѓународен технолошки претприемач“, известува SWNS.

 

 

 

Изграден од „VisionF Yachts“ со седиште во Турција, бродот долг 24 метри го има она што компанијата го опишува како „невообичаена, привлечна розова боја“, што го прави „гарантирано поиздвоен од толпата“, особено кога ќе се спореди со повеќе традиционални модели.

 

 

 

„Клиентот побарал неговата јахта да биде обоена во прилагодена нијанса на розова боја“, објаснија од „VisionF Yachts“, истакнувајќи дека не е само надворешноста што потсетува на Барби. Мебелот и теписите внатре имаат исто така розова нијанса.

 

 

„Таа е единствена на многу начини“, додаде генералниот директор на „VisionF Yachts“, Али Танир.
Други погодности на мегајахтата се четири апартмани и капацитет да биде домаќин на осум гости и пет членови на екипажот – вклучуваат конзола за диџеј и палуба идеална за „сончање или едноставно уживање во погледот на морето од удобните подлоги за сонце и седиштата тапацирани отпорни на временски услови“.

 

 

 

Исто така, има и салон и мобилна платформа на крмата што може да се спушти за подобар пристап до вода.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *