Ајде да одиме на виртуелна прошетка низ манастирот Св. Јован Бигорски

Манастирот во с. Ростуше, општинаМаврово, бил основан во 1021 година од страна на монахот Јован, а во XVI век манастирот бил урнат од страна на отоманите. Манастирот бил повторно обновен во 1743 година од страна на јеромонахот Иларион. Ова го потврдуваат и археолошките истражувања кога е константирано дека денешната црква, изградена околу 1800та година, е подигната врз темелите на две постари еднокорабни цркви.

 

Иконостасот во манастирската црква Св. Јован Бигорски претставува извонредно уметничко остварување на мајсторот Петре Филиповски. Начинот на обработката на иконостасот, богатството на фигурите и композициите со мотиви од Стариот и Новиот завет, го поставуваат овој иконостас во редот меѓу најдобрите достигања на резбарството во Македонија.

Па благодарение на Концепт за култура Скопје. Сега можеме да се прошетаме во Св.Јован Бигорски каде и да сме. За прошетка кликнете ТУКА.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *