Ајде „јасновидци“… Ако ова не е фотографија од планетата Земја од вселената, тогаш што е?

Иако фотографијата изгледа како „портрет“ од Земјата што можеби не сте го виделе досега, нешто не е баш во ред… и можеби ќе се запрашате дали сликата подолу е воопшто вистинска.

Сликата ги остави корисниците на социјалните мрежи во збунетост поради нејзината неверојатна сличност со погледот на Земјата од вселената.

 

 

Оптичката илузија повторно стана вирална на социјалните мрежи, откако првично беше споделена пред неколку години поради начинот на кој ги предизвикуваше вештините за набљудување на луѓето и свесноста за ситуацијата.

На прв поглед, неверојатната слика изгледа како да го прикажува она што изгледа како поглед на Земјата одозгора, каде што малкумина имале среќа да одат. А таму горе секако изгледа студено додека облаците ја покриваат планетата, а сончевите зраци светат силно.

Иако ова е неверојатна слика, мораме да признаеме дека никогаш не сме ја виделе оваа слика споделена од „НАСА“ или Меѓународната вселенска станица.

Дајте си уште една шанса и малку време да ја погледнете фасцинантната фотографија одблизу, бидејќи со тоа ќе ѝ дадете малку повеќе јасност. И ако сеуште сте збунети, ќе ви откриеме. Ова воопшто не е слика на нашата планета… па што точно е тоа?

 

 

Фотографијата е всушност наслаги од мраз на покрив на автомобил наутро. Аголот под кој е направен и сината боја на автомобилот прават да изгледа како Земјата.

Слична фотографија беше споделена неодамна на „Reddit“, на која исто така е прикажана „фотографија од Земјата од вселената“ направена на паметен телефон.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *