X

Ајде сите еден голем аплауз за македонското судство, Газда Деко во сабота излегува од притвор

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ и првообвинет во судскиот процес за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, во сабота, 3 октомври, треба да излезе од притвор. Причината не е судска одлука дека повеќе нема основи за притвор, туку истекувањето на максималниот законски рок од една година. По тој датум судот треба да определи други мерки со кои ќе го обезбеди неговото присуство во понатамошната постапка.

Ајде сите еден голем аплауз за македонското судство, Газда Деко во сабота излегува од притвор

На 3 октомври истекува законскиот максимум – судењето ќе го продолжи без притвор

Последното продолжување на притворот на Јованов важи до 3 октомври. По истекувањето на едногодишниот рок тој повеќе не може да остане во притвор по оваа основа, а судот треба да одлучи какви други мерки ќе бидат определени за да се обезбеди неговото присуство на рочиштата. PRV.mk
Одбраната во меѓувреме понудила недвижен имот вреден околу 200.000 евра како гаранција дека Јованов нема да избега. Предлогот бил доставен до Кривичниот суд, но на брифингот од 30 септември од судот соопштиле дека сè уште го чекаат мислењето на Обвинителството и дека без него не можат да одлучат по предлогот.

На 3 октомври истекува законскиот максимум – судењето ќе го продолжи без притвор

49 рочишта, 1.390 материјални докази и 45 сведоци – сега на ред е одбраната

Судскиот процес во меѓувреме продолжува. Од неговиот почеток се одржани 49 рочишта, од кои 40 во текот на оваа година, а според Кривичниот суд досега не било одложено ниту едно. До крајот на 2026 година веќе се закажани уште 15 рочишта. Сител Телевизија
На 14 септември заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Во оваа фаза биле презентирани 1.390 материјални докази, а биле сослушани 45 сведоци и пет вешти лица. Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Одбраната најави уште 244 сведоци

Од 1 октомври процесот влегува во следната фаза – изведување на доказите на одбраната. Адвокатите на обвинетите најавиле дури 244 сведоци, што покажува дека пред судот останува уште обемен дел од доказната постапка. plusinfo.mk
Јованов е првообвинет во предметот за пожарот во „Пулс“ од 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Одбраната најави уште 244 сведоци

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *