Ако досега не се чувствувавте старо, еве повелете: Мајка ја снима својата 10-годишна ќерка како „се бори“ со кутијата за ЦД и не знае како да ја отвори

Борбата на 10-годишно девојче да ја отвори кутијата за ЦД ги остави луѓето збунети. Во видеото, мајка од Пенсилванија ја снима својата ќерка Теган како се чуди како да ја отвори кутијата и следи вистинска бобра за отворање. 10 годишното девојче се гледа како е запнато да ја отвори прашувајќи „Што е ова? Што да правам со ова?“

Нејзината мајка ѝ вели дека треба само да ја отвори. Но таа продолжува да се бори и не сфаќа како. Мајката потоа ја врти камерата кон себе покажувајќи го нејзиниот израз на апсолутно неверување. И се чини дека и луѓето на Интернет се збунети.

„Гледајќи го нејзиниот обид да ја отвори секоја страна, ОСВЕН точната. Ме фати сафра“, рече еден човек.

Еден коментар гласеше: „Чекав да се отвори и да испадне цедето и да се изгребе“.

По ова тешко искушение, мајката на Теган реши да сними следно видео за да ѝ помогне и ја советува ќерка си дека ЦД-то е како „книга“ па така таа конечно ја отвори кутијата.

Дури и откако таа успеа да ја отвори кутијата со ЦД-то, корисниците на Интернет побрзаа да коментираат за друга генерациска празнина: ракувањето на Теган со ЦД-то.

Едно лице напиша: „Зошто го држи така, неее, ќе го изгребе“.

Друг додаде: „Таа остави отпечатоци од прсти на ЦД-то! Не можам да гледам!“

 

  • Kire напиша:

    Eksperimentot-uspeshen…pomognaa i roditelite da se napravat tolku glupi deca

  • urda напиша:

    Vazno filter za trepki stajla

  • Жарко Г. напиша:

    После ова видео научив две работи…
    Првом колку и мајката е глупава очекувајќи ќерката да отвори пакување кое никогаш го нема видено претходно и…
    Второ…научив НОВ МАКЕДОНСКИ збор…СТАЈЛА!!!
    Го/ја молам УРДА да ми објасни што всушност значи овој збор и каде тоа го пронашол/а истиот!!!???

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Жарко Г. Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *