„Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“ – иновативна хуманитарна акција на пилјара во Гевгелија
Пилјарата „Кај Кецот“ во Гевгелија постави т.н „Закачалка на добрината“ каде што можете да оставите храна за сиромашните и апелира до сите граѓани кои можат да им помогнат на оние кои немаат храна.
„Хуманитарна акција , закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата.
🎄Да ги направиме празниците убави за сите🎄“ – гласи објавата.
Луѓето во коментарите го поздравија овој хуман гест:
„Браво за иновативноста и хуманоста, секогаш инспиративни, оригинални и пример за човечност“
„Браво, браво, браво тоа го можат само вистинските луѓе!“
„Прекрасна идеја .Камо и во Скопје и низ цела Македонија да никнат вакви пилјари“.
Ние исто така аплаудираме на оваа идеја и мислиме дека треба да ја гледаме почесто на локали во сите градови. Никој не губи ништо, а сепак луѓето кои имаат потреба добиваат толку многу.
Коментирај анонимно