Ако првото нешто што правите наутро е пиење кафе, престанете! Нутриционист советува зошто тоа е штетно и што да направите како замена

Оливија Хедлунд, функционална нутриционистичка терапевтка од Ливингвел, вели дека ударот со кофеин сабајлечки, може да предизвика големи проблеми за вашите црева и хормони.

Американскиот нутриционист вели дека кафето е кисело и затоа е тешко за на празен стомак. Исто така, предизвикува телото да оди во режим на висок стрес и ги вознемирува вашите хормони.

 

Наместо тоа, таа препорачува да јадете јајца, сурови млечни производи, бобинки или некое суво овошје, вклучувајќи јаболка или круши  пред да го земете утринското кафе.
„Ако прво пиете кафе на празен стомак, престанете со она што го правите и слушајте. Се плеткате со хормоните“, вели таа.

„Кафето не само што е кисело, па затоа ни е тешко на стомакот наутро, туку буквално предизвикува нашите тела да реагираат на стрес, да исфрлат кортизол и да нè стават во состојба на борба со нашиот организам“.

 

 

Таа објаснува дека овој одговор на стрес е она што предизвикува нервоза и тресење после кафето, но исто така го предизвикува тоа „навистина добро чувство каде што чувствуваме дека можеме да го освоиме светот“.
Како и да е, доброто чувство е штетно за вашето тело, особено за жените и оние со цревни проблеми или хормонална нерамнотежа. Навиката може да предизвика и хормонални проблеми како што се акните.

„Порано пиев повеќе шолји кафе на празен стомак, се чувствував како да сум на врвот на светот, а потоа имав еден куп хормонски акни и се прашував зошто“, рече г-ѓа Хедлунд.
„Тоа е затоа што вашето тело е под стрес. Испијте нешто мало пред да испиете кафе, направете го тоа ваша цел. Ви гарантирам дека ќе забележите разлика“, рече таа.

Во текот на изминатите пет години, г-ѓа Хедлунд го трансформираше својот животен стил за да ја излечи кожата и дебелото црево. Нејзините следбеници биле шокирани од откритието.

„Можеби ова е причината зошто се подувувам од неодамна! Фала за советот“, напиша една жена на нејзината објава.

„Ова објаснува толку многу. Ви благодарам. Го правам ова, а потоа паѓам и имам толку лоши хормонални акни“, коментираше друга.

Сепак, некои фанови не го прифатија добро предлогот.

„Престанете да ме осудувате“, рече една жена.

  • Царот напиша:

    Ма не јади трици и остај да си пијме кафето на раат

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *