Актерот Вин Дизел позираше разголен со своја верзија на бананата од 120.000 долари

Се сеќавате на уметничкото дело банана кое човек го извади од ѕидот на галерија и го изеде и кое вредеше 120.000 долари? Доколку не можете да погледнете тука.

Скапата „уметничка банана“ крена голема врева и многу луѓе почнаа да прават шеги на оваа сметка. Сепак актерот Вин Дизел имаше најјака идеја.

За да ја долови бизарната цена на парчето уметност Дизел на својот Инстаграм профил објави разголена фотографија од себе, додека „уметноста“ му ја прекрива машкоста.

Покрај фотографијата, актерот изрази заинтеренсираност со едноставниот наслов „хаха“. Тој всушност ја споделил фотографијата од уметникот по име Мајкл Мулер, кој често споделува смешни, фотошопирани фотографии од познати личности.

Може да се види дека Мајкл не штедел на должината на бананата па најверојатно затоа Дизел бил поласкан, а не увреден.