Американка потрошила 45 илјади евра за да изгледа како Мерилин Монро, но завршила да изгледа како „вонземјанин“ – сега сака да го врати својот изглед

Серена Смит од Калифорнија (24) одлучила дека сака да го промени својот изглед кога имала 18 години. Оттука таа почнала со естетска хирургија. Ова ја навело Серена по патека на екстремни процедури кои би го промениле нејзиниот изглед за да изгледа поблиску до врвната холивудска русокоса бомба Мерилин Монро.

 

Таа потрошила 11.000 евра за операција на носот и дополнителни 18.500 евра за бразилско подигнување на задникот (BBL) – процедура позната по своите огромни ризици.

Но, тоа не ја спречило Серена – и не и ја намалило желбата да оди под нож. Таа потоа фрлала пари за ботокс, заедно со филери во челото, усните, брадата и образите.

Севкупно, Серена потрошила над 50.000 долари (46.000 евра). За на крајот да изјави дека сега сака промена затоа што се чувствува како да се претвора „вонземјанин“

 

„Сега се обидувам да ја прифатам природната убавина малку. Не велам дека завршив со процедури или нешто друго, туку сакам да го прифатам мојот природен изглед. Го сакав мојот изглед, но со текот на времето сфатив дека тоа не ми успева. Можеби тоа доаѓа со стареењето, ќе научиш малку повеќе да ја прифаќаш својата убавина“. – малку доцна се сети…

 

Иако, тоа не значи дека Серена целосно ќе се откаже од естетската хирургија. Во моментов, Серена планира да ги обнови градите – да ги направи поголеми.

„Не велам дека завршив со пластична операција, но одам на посуптилен изглед со мојот резултат. Планирам да ги преправам моите гради, ќе бидат поголеми. Им треба освежување за да изгледаат добро“.

  • Nikoj напиша:

    Ista e original Merlin 😀

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *