Американска реклама за Југо 1986 година
„Yu go but the car doesn’t“ 😜
Југо интензивно се продаваше во Америка. Со испорачани над 140.000 единици на овој пазар, Југо беше еден од најуспешните извозни производи на поранешна Југославија. Со цена од 3.990 долари, тој беше убедливо најевтиниот автомобил на американскиот пазар, но и покрај тој факт, беше потребен голем труд од одделот за маркетинг за овој автомобил од комунистичка земја да биде привлечен за просечниот американски купувач. Затоа рекламите на Југо се нешто што ќе го паметиме. „Југо“ се продаваше во Америка од 1985 до 1992 година, а неговата најдобра година беше 1987 година кога беа продадени 48.812 примероци.
Југото можеби имаше лоша репутација од самиот почеток, но некои телевизиски реклами сепак помогнаа да ѝ се допадне на американската публика, бидејќи беше добар избор за втор семеен автомобил по разумна цена. Консумеризмот во САД го достигна својот врв на крајот на минатиот век, а главното поле за пласман на производи беше телевизијата. Потоа почна голема инвестиција во телевизиски реклами бидејќи можеа да продаваат каков било производ, а на ова поле не заостануваше и компанијата Југо Америка Инк, во сопственост на Малколм Бриклин, увозникот на автомобилите Застава во Америка. Целта беше првенствено да се запознаат клиентите со нов и сосема непознат производ кој доаѓа од далечна, комунистичка земја. Кога моделот на Југо излезе во продажба во Америка, почнаа да се појавуваат телевизиски реклами како оваа, направени во 1986 година, со слоганот „Види го ЈУГО“.
YoU GO, but car doesn’t!!!
Dur bese jugo imavme i drzava i bevme narod a sega nit drzava asalna i kirajdzii vo svoja drzava
Коментирај анонимно