Американските вселенски сили ја споделија првата декласифицирана фотографија од тајната мисија на вселенскиот авион X-37B

Првата фотографија од тајниот американски вселенски авион, кој во моментов орбитира околу Земјата, беше објавена од страна на Воените вселенски сили на САД.

Наречен X-37B или Орбитално тест-возило (OTV), ова е шифрираното име за леталото што моментално ја извршува својата седма тајна мисија околу планетата, откако беше лансирано во вселената со ракетата на SpaceX на Илон Маск во 2023 година.

Првпат полета во 2010 година и оттогаш има завршено шест мисии во орбитата, под надлежност на Американските вселенски сили — организација што ги штити интересите на САД во вселената и обезбедува поддршка на воените операции на Земјата преку вселенските капацитети.

Тајноста околу активностите на X-37B траеше повеќе од една и пол деценија, но сега, 15 години по првата мисија, конечно е објавена првата фотографија од леталото додека е во вселената.

Фотографијата беше споделена на социјалната мрежа X (порано Twitter), каде што Американските вселенски сили објавија дел од вселенскиот авион со Земјата што сјае во далечината на темниот вселенски простор.

Во официјалната изјава, Вселенските сили наведоа: „Камерата поставена на X-37B, која се користи за следење на здравјето и безбедноста на леталото, сними слика од Земјата додека изведуваше експерименти во високо елиптична орбита (HEO) во 2024 година.

X-37B изврши серија уникатни маневри, познати како аерокочење, за безбедно менување на орбитата со минимална потрошувачка на гориво.“

Експериментите во високо елиптична орбита подразбираат движење околу Земјата по елипсовидна патека, при што леталото се приближува до 1.000 километри од површината, а потоа се оддалечува на над 35.700 километри од планетата.

Тековната мисија, позната како OTV-7, беше лансирана со ракетата Falcon Heavy на SpaceX на 12 декември 2023 година.

Леталото е беспилотно, што значи дека може да се лансира и влезе во атмосферата со брзини што луѓето не би можеле да ги издржат.

Откако влезе во орбитата во 2023 година, Американските вселенски сили велат дека X-37B спроведува експерименти за ефектите од радијацијата и тестира технологии за набљудување и следење на вселенскиот домен (Space Domain Awareness) во високо елиптична орбита.

Кога ќе се врати на Земјата, X-37B слетува на поранешната писта на вселенските шатлови, денес позната како „Launch and Landing Facility“ во НАСА-иниот вселенски центар Кенеди, на Флорида.

  • Васе напиша:

    Уште една шпионска работа (тачка)

  • Влатко :) напиша:

    И сеа прашањето до Миленко е: уште мислиш дека Земјата е плоча, бе идиоту еден?!?!? ха-ха-ха

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *